Сојузот на синдикатите на Македонија, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за безбедност и здравје при работа, 28ми Април, ќе одржи Конференција на тема: „Активности за унапредување на безбедност и здравје при работа“, која ќе се одржи на 27.4.2018 година, (петок), во просториите на ССМ, сала на 6ти кат со почеток во 11 часот.
На конференцијата ќе присуствуваат претставници на социјалните партнери, Министерството за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за труд, претставници од организациите на работодавачи, синдикатите, како и релевантни организации и институции кои го таргетираат прашањето за безбедност и здравје при работа во Република Македонија.
Воедно на оваа конференција ќе бидат презентирани активностите на Сојузот на синдикатите на Македонија во насока на обезбедување на безбедни и здрави работни места, како и активностите на синдикатите здружени во ССМ.
Download
Source: ssm.org.mk
Leave a Comment